full screen background image
Search

Honda ја претстави најновата, петта генерација на популарниот CR-V

Honda ја откри најновата, петта генерација на својот популарен SUV – покрај новиот дизајн, јапонците ветуваат и нови мотори, но и нови технологии.

Иако ова што го гледаме на фотографиите е северноамериканскиот модел, веќе традиционално и европскиот изгледа идентично со некои ситни козметички измени за да ги исполни европските правила за нови возила.

За прв пат во CR-V ќе се вградува 1.5-литарски турбо-бензинец кој ќе испорачува 190 коњски сили и 240 Nm вртежен момнент. Купувачите во Америка ќе го добијат и 2.4-литарскиот атмосферец, додека купувачите во европа ќе можат да сметаат и на докажаниот 2-литарски атмосферски бензинец, но и на тековниот 1.6-литарски i-DTEC турбодизел.

„Новиот Honda CR-V ги подигнува мерилата на секој начин – испорачува подобри перформанси, нуди повеќе простор и премиум содржини, и сето тоа во комбинација со подобрена економичност“ – изјави Jeff Conrad, одговорниот за Honda во САД – „купувачите навистина ќе го сакаат она што ќе го видат и она што ќе го искусат зад управувачот на новиот CR-V.“

Новиот CR-V има поагресивен дизајн во однос на минатата генерација и се препознаваат детали „позајмени“ од новиот Civic. За прв пат, CR-V ќе добие и автоматско затворање на предната маска на ладилникот при повисоки брзини со цел да се подобри аеродинамичноста на автомобилот.

Во ентериерот забележуваме помодерен дизајн кој според луѓето од Honda нуди подобрена ергономија, 7-инчен мултимедијален уред кој поддржува Apple CarPlay и Android Auto и подобри материјали во кабината. Автомобилот ќе остане со пет седишта, но има 41 милиметар подолго меѓуоскино растојание за повеќе простор во кабината.

Поврзано:   Honda e Prototype е најава за градски електричен автомобил

Повеќе информации ќе имаме кога Honda ќе ја претстави и европската верзија на петтата генерација на CR-V.

 

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.