Новиот електричен SUV на Audi ќе се вика едноставно e-tron – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Новиот електричен SUV на Audi ќе се вика едноставно e-tron

Германскиот производител на премиум автомобили потврди дека електричниот SUV кој е на повидок ќе го носи името e-tron.

Во интервју за Autocar, Rupert Stadler од Audi изјави дека електричниот SUV кој Audi наскоро треба да го претстави ќе биде инспириран од оригиналниот Audi Quattro и нема да има некаква посебна ознака на моделот.

audi-e-tron-quattro-concept2

„Го споредуваме со првиот Audi Quattro, кој едноставно се викаше quattro. Сепак, долгорочно името e-tron ќе означува електрична платформа“ – тој потврди. Односно, тој потврди дека првиот автомобил ќе се вика едноставно e-tron, но понатаму електричните верзии на автомобилите „ќе ги имаат секојдневните имиња, но со e-tron суфикс – на пример A6 e-tron, A7 e-tron, A8 e-tron, и така натака.“

audi-e-tron-quattro-concept3

На почетокот на оваа година, луѓето од Audi потврдија дека производството на електричниот SUV ќе започне во 2018, а автомобилот ќе биде инспириран од e-tron quattro концептот од Саемот на Автомобили во Франкфурт од 2015.

Електричниот SUV ќе биде придвижуван од два електромотори на задната, и еден на предната оска. Ќе работат во комбинација со литиум-јонска батерија и автомобилот ќе има автономија поголема од 500 километри со едно целосно полнење.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.