full screen background image
Search

Mazda MX-5 RF започна со производство во Јапонија

Првите примероци од тарга изведбата на Mazda MX-5 само што ја напуштија производната лента на фабриката во Хирошима, Јапонија.

RF е најновиот член во гамата на славниот роудстер на Mazda, кој располага со покрив во тарга стил, со фиксни столбови и отстранлив кровен панел, со цел да понуди многу од предностите на возењето со отворен кров, без никакви компромиси.

asgss

Овој модел се произведува веднаш покрај кабриолет изведбата на MX-5 и Fiat 124 Spider во фабриката Ujina Plant No.1 покрај глобалното седиште на Мазда во Хирошима. Првите примероци ќе бидат испорачани кон дилерите во Северна Америка и Европа пред да започне со продажба на Јапонскиот домашен пазар при крајот на оваа година.

Mazda до сега има произведено над еден милион примероци од моделот MX-5, а повеќето од нив се роудстер варијанти со меки кровови на отварање. Откако претходната трета генерација се нудеше и со тврд кров на отварање, новата ND генерација се нуди и во оваа најнова форма, која според Mazda ќе овозможи да се прошири нејзиниот шарм уште повеќе.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.