full screen background image
Search

Париз 2016: Дебитира новата Opel Ampera-e со автономија од над 500 километри!

Opel го искористи овогодинешното издание на саемот во Париз да ja претстави целосно електричната Ampera-e која нуди одлична економичност и перформанси!

Моделот всушност претставува ребрендирана верзија од Американскиот Chevrolet Volt – и може да патува повеќе од 500 километри со само едно полнење. Секако, автономијата во секојдневното користење ќе варира според стилот на возење на секој возач и надворешните услови, но сепак, автомобилот ќе има реална автономија од околу 380 километри, што се должи на батериите од 60 kWh интегрирани во долниот дел од каросеријата.

Новиот Opel Ampera-e не е само економичен, туку е исто така и прилично брз автомобил благодарение на неговите 204 коњски сили, кои доаѓаат од електричен мотор. Според Германскиот производител на електричното возило му се потребни само 3.2 секунди за забрзување од 0 до 50 километри на час и 4.5 секунди за да забрза од 80 до 120 километриана час, што значи дека има подобро забрзување од Astra TCR, Adam R2, Corsa OPC и Insignia OPC. Забрзувањето застанува на максималната брзина од 150 км/ч.

Останува нејасно кога моделот ќе биде лансиран на Европскиот пазар и каде ќе биде произведуван. Според објава од почетокот на оваа година, Ampera-e ќе му се придружи на „близнакот“ Chevy Bolt во фабриката на General Motors во близина на Детроит.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.