За оние кои сакаат поспортски лик – претставена Opel Astra OPC Line – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

За оние кои сакаат поспортски лик – претставена Opel Astra OPC Line

Со цел дополнително да ги истакне острите и динамични линии на новата Astra, Opel го претстави OPC Line пакетот за европскиот автомобил на годината.

Пакетот започнува со предниот браник кој на Astra и дава уште поагресивен и понизок став. Големите отвори за воздух кои ги заменуваат светлата за магла го истакнуваат самоуверениот изглед на новата Astra. Спортскиот лик продолжува и околу автомобилот благодарение на страничните прагови и завршува кон задниот дел на Astra со изменетиот заден браник и дискретниот дифузер. Сето ова му дава на германскиот хечбек помускулест и подинамичен изглед.

Според Peter Christian Küspert, одговорниот за продажба и пост-продажба во Opel, OPC Line спортскиот пакет е одличен за „оние кои сакаат да ги потенцираат модерните технологии и динамичните мотори достапни кај новата Astra.“

Купувачите ќе можат да ја нарачаат Astra OPC Line во неколку различни бои, како и со неколку различни нивоа на опрема. OPC Line пакетот во Германија ќе чини 1150 евра.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.