full screen background image
Search

Утринска Гимнастика: KIA подготвува тркачки Cee’d TCR со 330 коњски сили!

TCR шампионатот станува сè поинтересен и поинтересен – а наскоро во натпреварите ќе се придружи и KIA со својот 330-коњски Cee’d TCR!

Задолжена за развивање на Cee’d TCR е австриската компанија STARD, а автомобилот е базиран на веќе-спортскиот Cee’d GT. Тркачкиот Cee’d TCR ќе добие навиен 2-литарски турбо-бензинец со четири цилиндри кој испорачува 330 коњски сили. Силата ќе се пренесува кон предните тркала преку секвенционален менувач. Дебито се очекува следниот месец!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.