Песочна скулптура од новата SEAT Ateca ги пречекува патниците на аеродромот во Барселона – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Песочна скулптура од новата SEAT Ateca ги пречекува патниците на аеродромот во Барселона

Еден од начините на кој шпанскиот производител го промовира својот прв SUV е преку 26-тонска песочна скулптура поставена на аеродромот во Барселона!

Скулптурата – која патем е во реална големина – е изработен од 26 тони песок, а е дело на шпанскиот уметник Sergi Ramirez. Песочната реплика е поставена во Терминалот 1 на El Prat аеродромот во Барселона, а веднаш до песочната скулптура е поставена и вистинска верзија од првиот SUV на SEAT.

„Целта на оваа инстаналција е да се промовираат уметнички дела изработени во Барселона. Барселона го има еден од 10-те најактивни аеродроми во Европа и е вистински идеална локација за да претставиме Ateca, но и да ја истакнеме врската која бреднот ја има со овој град“ – изјави Susanne Franz, глобалниот маркетинг директор на SEAT.

Ова е навистина интересен начин да се истакнат и теренските амбиции на Seat Ateca – а мораме да признаеме дека песочната верзија изгледа како вистинската!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.