full screen background image
Search

BMW Серија 1 Sedan е официјално претставен во Кина

Најмалиот седан на BMW пристигна, но само во Кина каде ќе биде произведен за локалниот пазар.

Дизајнот на возилото останува верен на Compact Sedan Concept, сепак со малку скротени линии на предните светлосни групи, страничните ретровизори и тркалата. Автомобилот е дизајниран, развиен и ќе биде произведен само во Кина, од страната на партнерот на BMW – Brilliance Automotive.

И покрај тоа што е официјално претставен, BMW Серија 1 Sedan сеуште не е подготвен да ги открие сите негови тајни, иако се шпекулира дека е поставен на UKL1 платформа, истата која ја користат Серија 2 Active Tourer и Gran Tourer, како и последната генерација на X1. Ова би знаело дека сериски ќе доаѓа со преден погон, а како опција ќе биде понуден xDrive системот за погон на сите тркала. Исто така, може да очекуваме да ги видиме вообичаените 3 и 4 цилиндерски турбо-дизелски и бензински погонски единици како кај двата моноволумени.

Како петти модел на BMW кој ќе биде произведуван во Кина, не постојат шанси да биде понуден надвор од тој пазар. Иако делува како конкурент на Mercedes-Benz CLA и Audi A3 Sedan, сметаме дека Баварците за таа намена ќе ја лансираат најавената Серија 2 Gran Coupe, која би можела да биде со заден погон и да доаѓа во врвна М2 варијанта.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.