full screen background image
Search

Дали Mercedes-Benz подготвува електричен SUV?

Според некои извори, германскиот производител на луксузни автомобили ќе ги официјализира плановите за неколку електрични возила преку концепт за целосно-електричен SUV.

Според некои високо-рангирани луѓе во Mercedes-Benz кои сè уште инсистираат да останат анонимни, концептот кој треба да биде претставен на Саемот на Автомобили во Париз во моментов е во фаза на завршно тестирање. Новиот концепт не само што ќе најави нова дизајнерска насока на Mercedes-Benz, туку ќе ги официјализира и потврди намерите на брендот да додаде линија на целосно-електрични возила во својата гама.

mb-glc-coupe-concept3

Истите извори навестуваат дека првото возило би требало да се појави на пазарот в 2019, а со линијата на електричи возила Mercedes-Benz ќе понуди алтернатива на Tesla, но и потенцијалните вакви автомобили (кои се помалку или повеќе потврдени) на Audi, Jaguar и останатите премиум конкуренти. Новиот електричен SUV ќе биде поставен на нова платформа која ќе понуди можност за погон на задните или сите четири тркала и ќе биде развиена специјално за електрични возила.

mb-glc-coupe-concept2

Секако, ова не е прв пат Mercedes-Benz да ги тестира електричните води – во 2012 тие го претставија SLS AMG Electric Drive. Електричната верзија на SLS супер-автомобилот имаше на располагање 740 коњски сили и 1000 Nm вртежен момент и повеќе имаше улога да докаже дека германскиот производител ги има знаењето и технологијата потребни за пуштање на електричен автомобил во сериско производство. Секако, технологијата која би се појавила на пазарот во 2019 би била уште подобра, со значително подобрена автономија и намалено време за полнење. Останува само да почекаме – но сигурни сме дека инженерите од Mercedes-Benz одлично ќе си ја завршат домашната работа.

Поврзано:   Обраќање на техничкиот директор на Мерцедес за ситуацијата во Ф1 за 2021 година

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.