Mercedes-Benz Autohof – Германските места за одмор донесени во Скопје! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Mercedes-Benz Autohof – Германските места за одмор донесени во Скопје!

Овогодинешниот Саем за Транспорт има Autohof како во Германија – благодарение на Мак Аутостар и Mercedes-Benz!

Мак Аутостар на оригинален начин се претстави оваа година на саемот за транспорт 2016, кој се одржува на Скопски Саем. Налик на местата определени за одмор на камионџиите во Германија, именувани како Аутохоф (Autohof), изгледа и овогодинешниот штанд на Mercedes-Benz Македонија.

На штандот се наоѓаат љубезните девојки на Mercedes-Benz кои за какво било прашање со голема умешност наоаѓаат одговор, а за добриот одмор на гостите на располагање се традиционалните германски переци, колбаси и пиво.

„Избравме на еден оригинален начин да ги дочекаме сите наши пријатели, купувачи и љубители на камионите, причина да се разменат различни мислења и искуства од патувањата на долги релации или техничко-технолошките новини кај производителите. Тоа што е најважно е специјалната саемска понуда за товарните возила, со екстремно ниска каматна стапка од само 3,99% и навистина конкурентна цена за моделот Actros“, изјави директорот на Mercedes-Benz товарни возила за Македонија, Михаило Зографски.

На саемот освен Actros, премиерно во Македонија се претставува патничкиот автобус Tourismo, како и новините кај моделите Sprinter и Vito.

Mercedes-Benz Тourismo 17RHD

Во светот постојат различни автобуси, но постојат и Mercedes Benz автобуси. Во денешниот конкурентен пазар, ѕвездата е таа што ја прави разликата, која дава одлучувачка предност – и чувство на комфор дека е направен најдобриот избор на Вашата компанија.Tourismo е еден од најуспешните автобуси на Европските патишта. Економичен, комфорен и со напредни сигурносни системи.

Mercedes-Benz Sprinter и Vito

Создаден врз основа на долгогодишното искуство, Sprinter содржи многу нови карактеристики кои овозможуваат поголема ефикасност, моќност и безбедност од кога и да е порано. Познат е пред се по својата извонредна работна доверливост која на сопственикот му дава повеќе слобода целосно да се концентрира на своите бизнис обврски. Vito е возило кое претставува вистински партнер и е способно да одговори на секојдневните специфични барања, безбедност, исклучителна економичност и висок квалитет.

Со конкурентна, ниска потрошувачка, моделот Vito е пример во својот сегмент на возила кој носи заштеда при секој изминат километар, а во однос на безбедноста нуди многу иновативни системи како што е ATTENTION ASSIST- систем кој предупредува од можен судир и Crosswind Assist-систем кој помага за стабилност на возилото при делување на странични ветрови.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.