Учениците во Skoda го подговија Atero – купе-изведба од малиот Rapid – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Учениците во Skoda го подговија Atero – купе-изведба од малиот Rapid

Практикантите во Skoda веќе трет пат подготвуваат несекојдневен и интересен концепт – овој пат тоа е Atero Coupe – модерно купе базирано на практичниот Rapid Spaceback!

Тим од 26 практиканти беа задолжени за трансформацијата од Rapid во Atero Coupe. Тие започнаа да работат на концептот кон крајот на минатата година, и измените не се незначителни – заострен е аголот на ветробранското стакло, Б-столбовите се поместени наназад, на кровот му е дадена спортска линија, а целиот автомобил е офарбан во Black Magic црна боја и додадени му се Corrida црвени детали, LED предни светла, голем заден спојлер и редизајнирани задни светла.

skoda-atero3

Секако, за да се задржи тематиката на спортски автомобил, и ентериерот е доработен со црвен осветлување, додаден е музички систем со 14 звучници и сабвуфер (кои имаат вкупна моќност од 1400 вати), а за придвижување на Atero Coupe е задолжен 1.4-литарски TSI турбо-бензинец кој испорачува 125 коњски сили и соработува со 7-степен DSG менувач со двојна спојка. Дополнително се зајакнати и сопирачките кои се кријат позади 18-инчни Turini тркала позајмени од поголемата Octavia.

skoda-atero2

Училиштето на Skoda е основано во далечната 1927-ма година, и нуди 3 и 4-годишни програми за технички предмети. Во овој моменти ма повеќе од 900 студенти кои се запишани на 14 различни програми. Секоја чест!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.