full screen background image
Search

Renault го претстави новиот Grand Scenic; може да се добие со 5 или 7 седишта

Францускиот производител ја претстави најновата генерација на големиот Grand Scenic, кој ќе може да се добие со пет или седум седишта, и со неколку различни бензински и дизел мотори.

Исто како и Espace и Scenic, и новиот Renault Grand Scenic доаѓа со дизајн кој повеќе наликува на кросовер отколку на класичен MPV. Новиот Grand Scenic ќе може да се добие со пет или седум седишта, и е значително поголем од моделот кој го заменува – сега е цели 75 милиметри подолг, 20 милиметри поширок и 15 милиметри повисок, а истовремено има 35 милиметри зголемено меѓуоскино растојание и дополнителни 30 милиметри оддалеченост од подлогата.

Купувачите ќе добијат One Touch Folding Seat функционалност која овозможува лесно преклопување на задните седишта за да се добие рамен под. Ова ќе се прави преку мултимедијалниот уред или засебни копчиња наменети за оваа функција. Дополнително, од Renault го истакнуваат новиот R-Link 2 мултимедијален систем кој работи преку 8.7-инчен дисплеј чувствителен на допир и Head-Up дисплеј во боја. Вреди да се истакнат и Bose аудио уредот, автоматското кочење, системите за безбедност и уште многу други напредни технологии.

Новиот Grand Espace ја дели CMF (Common Module Family) платформата со новиот Megane, но и со Kadjar, Espace и големиот Талисман. Стандардно ќе се нуди со 20-инчни тркала, а купувачите ќе можат да одберат меѓу два турбо-бензински мотори во форма на TCe 115 и TCe 130 со (погодувате) 115 и 130 коњски сили, како и три турбодизел мотори – dCi 110, dCi 130 и dCi 160 – кои имаат 110, 130 односно 160 коњски сили. Во понудата ќе се најде и хибридна варијанта која ќе биде базирана на 110-коњскиот турбодизел.

Поврзано:   Македонските возачи на Twingo Cup викендов ќе настапат на Slovakia Ring!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.