Првите сериски примероци од Alfa Romeo Giulia го напуштија производствениот погон од Cassino фабриката на FCA во Италија.
Новата Giulia на почеток ќе биде понудена со еден бензински агрегат то 200 кс и два дизелски мотори со 150 и 180 кс во Европа. Бензинските верзии ќе бидат во понуда со осум-степен автоматски менувач, а до прајот на годината Alfa Romeo ќе ја додаде опцијата за шест-степена мануелна трансмисија, како и бензински мотор со 280 кс и 2.2-литарски дизел агрегат со 210 кс.
Првиот сериски произведен примерок на Giulia беше обоен во темно сива боја и претставува голем чекор за италијанската компанија која речиси редовно ги презакажуваше своите планови поради бројни причини. Сепак, најзначајната вест е дека Giulia е конечно во производство и дека нема да помине многу време пред да започнеме да ја гледаме на нашите патишта. Да се надеваме дека тестовите ќе ја оправдаат целата фама.