Буба Клуб Македонија го прослави шесттиот роденден! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Буба Клуб Македонија го прослави шесттиот роденден!

Клубот на сопственици и  фанови на легендарната Volkswagen Буба денес со парадно возење низ скопските улици и мал коктел го прослави својот шестти роденден!

Еден од најлегендарните – ако не и најлегендарниот – автомобили на светот има свои фанови и во Македонија, а тоа го потврди и Буба Клуб Македонија кој денес го прослави својот шестти роденден. Со мал изложбен собир, парадно возење низ улиците на Скопје и мал коктел тие денес го прославија својот роденден, а на фановите и случајните минувачи им овозможија одблизу да ги погледнат нивните автомобили и самите да се уверат во харизмата и привлечноста на овој легендарен германски автомобил.

bubaklub-govor

Во краткото обраќање, претставниците им се заблагодарија на сите членови, на посетителите но и на поддржувачите на клубот, и направија мала ретроспектива на Volksagen Beetle. Беше вистинско уживање да се видат толку примероци од Буба на едно место, и сите во одлична состојба!

Им го честитаме роденденот, и им посакуваме уште многу прослави во иднина. Среќен роденден!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.