Hyundai IONIQ освои Red Dot награда за дизајн! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Hyundai IONIQ освои Red Dot награда за дизајн!

Уште едно одлично признание за Hyundai – новиот, мултиталентиран IONIQ освои Red Dot признание за дизајн на истоимените интернационални награди!

Високотехнолошкиот нов Hyundai IONIQ ја освои Red Dot наградата за дизајн во категоријата за Возила и стана шесттиот модел на брендот кој ја освоил оваа награда во минатите три години.

Наградата го истакнува дизајнот кој е ориентиран кон иднината. Ова е првиот автомобил на Hyundai кој е развиен примарно со еколошката прифатливост во преден план, па ова признание е од големо значење за брендот. Дополнително, жирито го пофали еволутивниот дизајн и софистицираните форми, како и користењето на еколошки-прифатливи материјали.

Жирито се состои од 38 експерти од 25 земји – сите се познати дизајнери, професори и новинари. Red Dot Дизајн Наградите се глобално препознаени како едни од најпочитуваните вакви манифестации, особено ориентирани кон квалитетниот дизајн. Оваа година се пријавија вкупно 5217 дизајни од 57 земји!

Прочитајте и дознајте повеќе за IONIQ – новиот модел на Hyundai кој ќе се нуди како хибрид, плаг-ин хибрид и електромобил.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.