full screen background image
Search

Новиот KIA Sportage официјално промовиран пред македонската јавност

Новиот кросовер на корејскиот производител во петокот вечер ја имаше својата официјална премиера пред македонската јавност!

Sportage е вистинска успешна приказна за KIA, а тоа не е ништо помалку вистинито и на нашиот пазар. Низ три генерации, популарниот корејски кросовер привлече многу купувачи, а новата, четврта генерација ветува дека ќе ја продолжи истата амбициозна приказна. На пригодна свеченост во ресторанот Везилка, импортерот на KIA за Македонија – KIA Motors Macedonia – на македонската јавност и го претстави новиот модел и најави дека ќе продолжи силно да се бори со директните конкуренти.

kia-sportage-event3

Четвртата генерација се нуди со еден бензински мотор со зафатнина од 1.6 литри и моќност од 130 коњски сили. Чекор погоре на скалилото на бензинците е 2-литарскиот бензинец со 155 коњски сили. Доколку сакате турбодизел, можете да добиете 1.7-литарски CRDi со 115 коњски сили, и 2-литарски CRDi со 185. Некои од овие мотори можат да се комбинираат со погон на сите четири тркала, а може да се добие и автоматски менувач.

kia-sportage-event2

Новиот Sportage е целосно редизајниран и покрај новиот изглед, ветува и подобрена динамика зад воланот, а и исклучителен комфор и врвна практичност. На прв контакт изгледа модерно и несекојдневно, со интересни дизајнерски решенија и богата опрема.

kia-sportage-event4

Ние веќе имавме кратка можност да се запознаеме со новиот Sportage минатата седмица, а го најавуваме и нашиот тест на новиот корејски кросовер кога ќе целосно ќе ги пренесеме нашите импресии.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.