Германскиот производител го претстави „основниот“ Macan – а тоа значи дека под хаубата ќе има 2-литарски турбо-бензинец со 252 коњски сили!
Новиот, основен Macan ќе користи 2-литарски турбо-бензинец со директно вбризгување. Моторот нуди 252 коњски сили од 5000 до 6800 вртежи во минута и 370 Nm вртежен момент достапни од 1600 до 4500 вртежи во минута.
Луѓето од Porsche ветуваат „исклучително-спортска возна динамика“, но и сосема пристојни перформанси – според официјалните бројки можеме да очекуваме 100 километри на час за 6.7 секунди (односно 6.5 со Sport Chrono пакетот) и максимална брзина од 229 километри на час. Според Porsche, системот за контрола на тракцијата во комбинација со агилната суспензија и прецизнот управување дополнително ќе придонесат кон забавата зад воланот.
Дополнително, ова ќе биде најлесниот SUV на Porsche досега направен – ваквиот Macan тежи 1770 килограми. Новиот Macan веќе може да се нарача, а првите испораки се очекуваат во Јуни.