full screen background image
Search

Освежениот Mitsubishi Space Star пристигна во Скопје

Најмалиот член на Mitsubishi семејството го доби своето освежување, и веќе пристигна во салонот на Мак Аутостар во Скопје!

Јапонскиот производител го освежи малиот Space Star на крајот на минатата година, и тој веќе пристигна во Скопје. Сега Space Star може да се пофали со помодерен, европеизиран – и без сомнение – попривлечен лик, побогати нивоа на опрема и ревидирано подвозје. Според она што ни го кажаа претставниците на Mitsubishi, производителот ги послушал критичарите и сопствениците, и со освежувањето Space Star доби поевропски-нагодено подвозје и подиректно управување.

Во понудата остануваат истите два бензински мотори кои досега се нудеа, со зафатнина од 1, односно 1.2 литри и моќност од 70, односно 80 коњски сили. Цените започнуваат од 8990 евра за основниот модел со 1-литарски мотор, кој веќе доаѓа со клима уред, електрика на предните прозорци, USB-приклучок, грст воздушни перничиња, цела гама на безбедносни системи и уште многу други ситници.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.