AMG на дискретен начин – претставен новиот Mercedes-AMG E43! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

AMG на дискретен начин – претставен новиот Mercedes-AMG E43!

Mercedes-AMG го претстави својот прв продукт базиран на новата E-Class на Mercedes-Benz – новиот седан има 3-литарски битурбо V6 кој испорачува 400 коњски сили!

Обично кога зборуваме за големите седани на AMG, зборуваме за големи, 5 или 6-литарски V8 бензински мотори кои испорачуваат по повеќе од 500 коњски сили. Она за кое денес ќе зборуваме е мало отстапување од таа формула, но не е воопшто за занемарување.

Дами и господа, запознајте го Mercedes-AMG E43. Под поклопецот на големиот седан се крие 3-литарски битурбо V6 кој испорачува одлични 400 коњски сили при 6100 вртежи во минута и 520 Nm вртежен момент достапни од 2500 до 5000 вртежи во минута. Благодарение на овој мотор, на Е43 му требаат само 4.6 секунди да постигне 100 километри на час, додека максималната брзина е електронски ограничена на 250 километри на час.

E43 е поставен на најновата генерација на AMG AIRMATIC адаптивната спортска суспензија, и доаѓа со сите нови технологии кои се достапни кај новата Е-класа. Екстериерот е дискретен, без „гласни“ додатоци – ќе препознаете за нијанса поголеми отвори за воздух и дискретен заден дифузер – но тоа е тоа, и тоа ни се допаѓа!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.