full screen background image
Search

Визијата за легендарни дрифт машини на Кајзајл Салим

22-годишниот Британец Кајзајл Салим во виртуелна реалност го оживеа неговиот сон за несекојдневни дрифт креации базирани на легендарни и невообичаени модели за овој спорт.

Талентираниот дизајнер моментално работи во Electronic Arts, Ghost Games Studio – компанијата од која произлезе видео играта со автомобили Need For Speed 2015. Неговите креации се спој од уникатна идеја и прекрасна изведба, па речиси неприметливо е дека овие слики не се реалност. Иако љубителите на олдтајмери најверојатно ќе го осудат ова сквернавење на нивните љубимци, мораме да признаеме дека изгледаат навистина импресивно во оваа улога.

Како основа за овие “монструми” тој ги искористил легендарните модели од историјата како Lamborghini Miura, Aston Martin DB5 Coupe, Mercedes-Benz 300SL, Ferrari GTO, Toyota GT 2000, Datsun 240z и Porsche 911 964 Turbo. Тука се и дрифт верзии од новиот Range Rover, F1 болидот на Mercedes и Volvo 240.

Доколку сакате да погледнете повеќе негови дела, тоа можете да го направите на неговата фејсбук страница или на неговиот Artstation акаунт.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.