Hublot го претстави најновиот часовник инспириран од LaFerrari; ќе чини околу 275.000 евра – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Hublot го претстави најновиот часовник инспириран од LaFerrari; ќе чини околу 275.000 евра

Познавачите на луксузни часовници добро го познаваат брендот Hublot, а производителот на луксузни инструменти за мерење на времето го претстави новиот MP-05 LaFerrari Saphire!

MP-05 LaFerrari Saphire е всушност поексклузивна верзија на веќе постоечкиот MP-05 LaFerrari часовник на Hublot. Она што е различно кај оваа верзија е телото кое е целосно изработен од сафир. Телото е изработено од седум блокови сафир, и за овој процес потребни се повеќе од 600 работни часа. Сепак, резултатот е импресивен бидејќи механизмот на часовникот изгледа како да лебди во воздухот.

Кога веќе зборуваме за механизмот – да нагласиме дека има 637 компоненти и можност за чување на енергија цели 50 дена (во овој часовник нема батерии). Кога е потребно да се навие часовникот, сопствениците користат минијатурен електричен навивач кој изгледа како алатката која се користи за менување пневматици во Формула 1.

Hublot најави дека MP-05 LaFerrari Saphire ќе биде произведен во само 20 примероци и дека цената ќе биде повисока од 300.000 долари, односно нешто над 275.000 евра.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.