full screen background image
Search

Утринска Гимнастика: Alpina ја најавува новата B7, базирана на новата Серија 7 на BMW!

Спортската агресивност на M-дивизијата на BMW не одговара на луксузниот гламур на Серијата 7, но затоа тука се луѓето од Alpina кои се подготвени да ја пополнат таа дупка!

Alpina B7 наскоро ќе го има своето деби – и изгледа повеќе од подготвена да се соочи со конкурентите од Affalterbach и Ingolstadt. Задолжен за задвижување на овој луксузен монструм ќе биде истиот 4.4-литарски твин-турбо V8 кој кон задните тркала преку 8-степен автоматски менувач ќе пренесува повеќе од 550 коњски сили!

Останува да почекаме и да видиме што ќе ни понуди Alpina, а во меѓувреме можеме да го погледнеме видеото со кое ексклузивниот тјунер на BMW ја најавува новата B7!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.