full screen background image
Search

Во Македонија пристигна новиот Nissan X-Trail!

Nissan најавува дека новиот X-Trail има врвна 4х4 технологија – и токму новиот X-Trail стигна во Македонија за 25-тиот роденден на Кадис!

Најновиот модел е одраз на искуството кое Nissan го има со производство на теренци. Третата генерација на X-trail доаѓа со спортски дизајн, кој ја комбинира елеганцијата на кросоверот со големината на едно теренско возило. Автомобилот е 17 милиметри подолг, 30 милиметри поширок и 5 милиметри понизок од претходникот, а истовремено има 76 милиметри поголемо меѓуоскино растојание. Во понудата постои опција за бирање меѓу пет и седум седишта.

nissan-xtrail2

Меѓу напредните технологии кои се нудат, Nissan ги вбројува: новиот систем Nissan Connect со 7-инчен екран чуствителен на допир со моќна комбинација на аудио, навигациски и комуникациски можности, но и безбедносните системи како предупредување за пребрзо возење и препознавање на сообраќајните знаци, Nissan ја подигнува безбедноста на повисоко ниво со технологијата Safety Shield која му помага на возачот при ненадејно сопирање, контрола на мртвиот агол, го предупредува при ненамерно излегување од сообраќајната лента. Исто така нуди и интелигентен систем за помош при паркирањето, ќе ве смести на паркинг местото без двоумење.

Она што би се издвоило во однос на моделот е погонот на сите четири тркала со напреден електричен систем со интегрален All Mode 4×4. Напредниот систем нуди можност за избор меѓу погонот во зависност од условите на патот и автоматски ги распределува вртежниот момент на предната, на задната или на десните тркала за да го подобри движењето на патеката и осигура поголем надзор.

Искористете ја можноста да го закажете своето пробно возење во ексклузивниот салон на NISSAN на 02 5 111 130/ 111 131.

Извор: PR Nissan



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.