full screen background image
Search

Се појавуваат првите тјунинг пакети за новата Mazda MX-5!

Еден од првите тјунинг пакети за извонредната нова Mazda MX-5 доаѓа од BBR, а овозможува значителни зголемувања на моќноста кај обете верзии на малиот јапонски роудстер!

Пакетите кои ги нудат инженерите на BBR се предвидени како за помалиот, 1.5-литарски мотор, така и за поголемиот со зафатнина од 2 литри. Интересно е што пакетите се целосно реверзибилни и можете лесно да го вратите вашиот автомобил во оригиналната, фабричка состојба доколку посакате.

Пакетите започнуваат со основниот Super 160 пакет наменет за 1.5-литарската верзија која додава 20 коњски сили и 18 Nm вртежен момент, за вкупно 160 коњски сили при 7450 вртежи во минута. Зголемената моќност е благодарение на новиот Starchip софтвер, а вртежите се ограничени на 7700 вртежи во минута.

bbr-mazda-mx5-2

За поголемиот, 2-литарски мотор, BBR воведува два пакети. Едниот се вика Super 175+, а другиот Super 190. Како Super 160, така и Super 175+ го користи Starchip софтверот да ја зголеми моќноста. Поинтересен (и поекстензивен) е Super 190 пакетот кој користи нов систем за влез на воздух, целосно нов издувен систем и нов софтвер, и тој пакет додава 30 коњски сили и 32 Nm вртежен момент – и сето тоа на атмосферски бензинец!

Опремена со Super 190 пакет, 2-литарската Mazda MX-5 има на располагање вкупно 190 коњски сили при 6700 вртежи во минута и 238 Nm вртежен момент на 3550 вртежи во минута – дури 1400 вртежи пониско од стандардната варијанта. Понатаму, BBR нуди и спортски пружини за 30-милиметарско спуштање на Mazda MX-5, како и цела гама на лесни алуминиумски тркала кои дополнително треба да го направат малиот роудстер уште позабавен за возење!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.