full screen background image
Search

Новата E-Class на Mercedes-Benz ќе носи нови мотори, но и многу нови технологии

Почнуваат да се појавуваат детали околу новата Е-Класа на Mercedes-Benz, а меѓу другото се шпекулира како за нови мотори, така и за нови напредни технологии!

Дебито на новата E-Class ќе се случи на следниот North American International Auto Show, и веќе почнуваат да „протекуваат“ детали околу новата генерација на популарниот седан од Штутгарт. Според Car & Driver, првиот нов мотор кој ќе го видиме е четири-цилиндричен турбодизел кој ќе нуди околу 180 коњски сили. Според познавачите, гамата на мотори понатаму ќе се прошири и ќе се воведат и нови четири-цилиндерски бензинци, како и линиски шест-цилиндерски бензински и турбодизел мотори.

Друг интересен детал околу кој се шпекулира е воведувањето на 48-волтен систем во автомобилот, кој би се искористил за хибридизација на автомобилот. Сега за сега нема многу детали, но се шпекулира за стартер-генератор кој ќе биде интегриран директно во менувачот на автомобилот. Овие системи придонесуваат за намалување на потрошувачката, но истовремено можат да понудат и краткотрајно зголемување на моќноста.

Повеќе ќе знаеме наскоро, но очекувајте новата E-Class визуелно да биде поставена некаде помеѓу постоечките C-Class и S-Class, а истовремено да понуди многу нови технологии – како што се целосно дигитален панел со инструменти, нови материјали во ентериерот и уште многу, многу повеќе – баш како што сме навикнати од Mercedes-Benz!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.