full screen background image
Search

Peugeot го претстави новиот 2008 DKR!

Францускиот производител се подготвува за уште еден настап на Дакар релито – каде ќе се појави со освежен и подобрен 2008 DKR!

Peugeot Sport со гордост го претсстави новиот 2008 DKR – кој доаѓа со ново Red Bull брендирање, но и значително ревидирана каросерија – и изгледа уште поагресивно од порано! Новиот 2008 DKR е цели 167 милиметри поширок, 118 милиметри понизок и 185 милиметри подолг – и сега е широк 2200 милиметри, висок 1794 милиметри и долг 4284 милиметри. Интересно е да се забележи дека иако автомобилот е подолг, надвисоците се скратени, бидејќи и меѓуоскиното растојание е зголемено за 200 милиметри на рамно 3000 милиметри.

peugeot-2008-dkr-2016-side

2008 DKR сега има едноделни, 17-инчни тркала изработени од магнезиум, обвиени во 37/12.5/17 гуми изработени од Michelin, а за моќта е задолжен изменет и подобрен 3.2-литарски би-турбо V6 турбодизел кој испорачува одлични 350 коњски сили и монументални 800 Nm вртежен момент. Моќта е зголемена за само 10 коњски сили, но вртежниот момент е зголемен за цели 212 Nm, и максималниот вртежен момент сега е достапен при 5000 вртежи во минута, наместо досегашните 7800 вртежи во минута. Силата се пренесува кон задните тркала преку секвенционален мануелен менувач.

peugeot-2008-dkr-2016-rear

Луѓето од Peugeot Sport очигледно се сериозни околу Дакар релито, а новиот 2008 DKR би требало да се покаже како одличен партнер на живите легенди – Sébastien Loeb, Stéphane Peterhansel, Cyril Despres, и Carlos Sainz. Следното Дакар Рели ќе започне на 2ри Јануари во Буенос Аирес, Аргентина, и ќе заврши по скоро 10.000 изминати километри во Росарио, Аргентина.

Поврзано:   ПРЕМИЕРА: Peugeot го претстави темелно-освежениот 3008!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.