full screen background image
Search

Регулаторна: Бензините остануваат со иста цена, дизелот поевтинува!

Регулаторната Комисија за Енергетика одлучи – од вечерва ќе купуваме поевтин дизел, но цената на бензините ќе остане непроменета!

Согласно методологијата која Регулаторната Комисија за Енергетика ја користи за пресметка на цените, од вечерва малопродажните цени се намалуваат во просек за 2.14 проценти. Преведено во цени, тоа значи дека од вечерва цените на ЕУРОСУПЕР-95 и ЕУРОСУПЕР-98 остануваат непроменети, и еден литар од овие горива ќе чини 62.50 односно 64.50 денари.

Цената на ЕУРОДИЗЕЛ горивото се намалува за 1.00 денари, и еден литар од ова гориво ќе чини 48.50 денари. Новите цени стапуваат на сила вечерва на полноќ и ќе важат следните две седмици.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.