Тјунерите од Techart го подготвија екстремниот Magun пакет за освежениот Cayenne кој доаѓа со 700 коњски сили и постигнува 295 километри на час!
Веднаш се забележува екстремниот бодикит со кој Cayenne е значително поширок, но и олеснет заради деловите од карбон. Скоро сите делови на екстериерот се нови – од предниот браник, па сè до задниот дифузер и кровниот спојлер. Нови се и поклопецот на моторот, страничните прагови и издадените крила на тркалата. Дел од пакетот се и големите 22-инчни Techart Formula IV фелни.
Секако, луѓето од Techart се погрижија и за перформансите, па сега 4.8-литарскиот турбо V8 нуди дури 700 коњски сили и 920 Nm вртежен момент – доволно за да го придвижат мамутскиот SUV до 100 километри на час за 4.1 секунда и да му овозможат да постигне 295 километри на час. Можеби визуелните измени нема да му се допаднат секому, но не можете да ги негирате перформансите!