full screen background image
Search

Rezvani го најави Beast X со 700 коњски сили!

Понудата на уникатниот производител Rezvani продолжува да расте – тие го најавија новиот Beast X кој ќе нуди дури 700 коњски сили!

Доколку не знаете кои се Rezvani, немојте да се чудите – навистина ретко кој ги знае. Компанијата е основана од Ferris Rezvani и се занимава со произведување на екстремни автомобили кои нудат застрашувачки перформанси и се изработени од најмодерните материјали.

Токму таков е новиот Beast X. Компанијата ветува многу – тежина од само 840 килограми, но дури 700 коњски сили од 2.4-литарскиот мотор кој соработува со два Borg Warner турбополначи. Под „кожата“ се крие Ariel Atom, а моторот е всушност сериозно преработен K24 мотор од Honda кој тие 700 коњски сили ќе ги постигнува на 7350 вртежи во минута, а според Rezvani, 100 километри на час ќе се постигнуваат за само 2.5 секунди!

Производството ќе биде ограничено на само пет примероци, а еден од нив ќе чини 325.000 долари. Заинтересирани?



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.