full screen background image
Search

BMW најавува нов модел со Concept Compact Sedan!

На саемот на автомобили во Гуангжоу во Кина, BMW претстави концепт кој е најава за иден компактен седан од баварскиот бренд!

Замислен да биде конкурент на Audi A3 Limousine и Mercedes-Benz CLA, компактниот седан има класични седански дизајн, но во малку намалени димензии.

Сепак, компактниот седан на BMW ќе биде базиран на платформата на 2-Series Active Tourer, а тоа значи погон на предните тркала и потенцијално опција за xDrive погон на сите четири тркала некогаш во иднина. Бидејќи ќе ја дели платформата со 2-Series Active Tourer, можеме да очекуваме бензински и дизел мотори со три или четири цилиндри и турбополнач.

„BMW Concept Compact Sedan го открива потенцијалот кој ние го гледаме во компактен седан“ – изјави Adrian van Hoydoonk, одговорниот за дизајн во BMW Group – „не само што на возачот и патниците ќе им понуди многу простор во компактни димензии, туку ќе ја понуди и спортската компетентност која ја очекувате од BMW. Квалитетот и вредноста на BMW Concept Compact Sedan се јасни сигнали за нашите премиум-намери за овој автомобил.“

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.