full screen background image
Search

Бензините поскапуваат половина денар, дизелот останува со иста цена

Регулаторната Комисија за Енергетика одлучи – од вечерва бензините поскапуваат по половина денар, но дизелот ќе остане со непроменета цена.

Согласно методологијата која РКЕ ја користи за пресметка на цените, малопродажните цени се зголемуваат во просек за 0.14%. Преведено во реални цени, тоа значи дека цените на ЕУРОСУПЕР-95 и ЕУРОСУПЕР-98 се зголемуваат за 0.5 денари, и еден литар од овие горива ќе се продава по цена од 62.50, односно 64.50 денари.

Цената на ЕУРОДИЗЕЛ горивото останува иста – еден литар дизел гориво ќе продолжи да чини 49.50 денари.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.