full screen background image
Search

Дали Ford подготвува ултра-екстремен Focus RS?

Почнуваат да се шират гласини дека синиот овал подготвува ултра-екстремна верзија на Focus RS – која би имала задача да ги посрами останатите конкуренти!

Новиот Focus RS сè уште не е стигнат насекаде во салоните, а според познавачите Синиот Овал веќе подготвува значително поекстремна верзија на хечбекот со погон на сите четири тркала. Ако добие зелено светло, хардкор-верзијата на Focus RS ќе отиде на интензивна диета и ќе изгуби повеќе од 100 килограми – благодарение на надворешност изработена од CFRP (Carbon Fiber Reinforced Plastic), поликарбонатни стакла, карбонски кочници, суспензија од кован алуминиум и олеснета кабина без звучна изолација.

Според истите извори, 2.3-литарскиот турбо-бензински мотор со четири цилиндри кој сега се вградува во Focus RS веќе го има постигнато својот максимум, па најверојатно би останал со истите перформанси (350 коњски сили и 440 односно 470 Nm вртежен момент), но хардкор-верзијата би добила електронски-контролиран диференцијал со ограничено пролизгување и менувач со двојна спојка.

За тоа дека инженерите од Ford сериозно си ја сфатиле работата зборува и податокот дека сакаат забрзувањето од 100 километри на час да го скратат од сегашните 4.7 секунди на помалку од 4.2 секунди, односно блиску до 4 секунди. Колку за споредба – на Mercedes-AMG A45 му требаат токму 4.2 секунди.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.