Сега за сега луѓето од Mercedes-Benz не откриваат многу за освежениот SL, но можеме да очекуваме изменет лик, засилени мотори и уште повеќе врвна технологија!
Според она што го кажуваат од Mercedes-Benz, освежениот SL ќе добие „целосно нов изглед“ со „освежен преден дел“ и нова маска на ладилникот. Според нас, новиот дизајн изгледа како да ќе наликува на одличниот AMG GT – и тоа ни се допаѓа!
Секако, SL продолжува да биде купе-кабриолет со цврст преклоплив покрив, а во понудата ќе се најдат веќе добро познатите и докажани V6, V8 и V12 мотори на Mercedes-Benz и Mercedes-AMG. Наскоро ќе знаеме повеќе!