full screen background image
Search

Hyundai го најавува знаменосецот на новиот Genesis бренд – големиот G90!

Само неколку дена по официјалното лансирање на Genesis како премиум под-бренд на Hyndai, веќе ги имаме првите скици од новиот знаменосец на новиот луксузен бренд од Кореа!

Новиот G90 ќе го наследи Equus и е предвиден да се бори со докажани и ценети конкуренти – како што се Mercedes-Benz S-Class, BMW 7-Series – но по значително поприфатлива цена. Според изворите, во G90 ќе се вградува 5-литарски V8 кој веќе се вградува во Equus, но не се исклучени ниту други мотори кои во иднина би се понудиле во гамата.

Доколку Genesis (односно Hyundai) сака да се пробие во овој сегмент и на европскиот пазар, ќе мора во понудата да вклучи повеќе мотори, особено барем еден турбодизел – бидејќи комбинацијата од луксузен седан и турбодизел е навистина популарна на стариот континент.

genesis-g90-2

Сепак, според Woong-Chul Yang, човекот кој е на чело на центарот за истражување и развој на Hyundai, G90 ќе „им донесе нов луксуз на нашите купувачи, седи на самиот врв на Genesis брендот и демонстрира како можеме да ги пренесеме нашите вредности за на клиентот да му понудиме вистинско задоволство во секој аспект од поседување на автомобилот.“

Како што веќе напоменавме, Genesis планира да лансира дури 6 нови модели до 2020-тата година!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.