full screen background image
Search

Утринска Гимнастика: Ford Mustang е најдобриот каскадерски автомобил според Stig!

Професионалниот возач кој порано ја имаше улогата на Stig на Top Gear – Бен Колинс – го прогласи Ford Mustang за најдобриот избор кога станува збор за правење автомобилски егзибиции!

„Целта на оваа авантура беше да се најде најдобриот автомобил за огромна, холивудска брканица со автомобили – и токму иконскиот Ford Mustang го зема првото место“ – рече Колинс. „Mustang-от имаше главна улога во многу бркотници во изминативе 50 години, и сè уште е вистинскиот избор да ги оставите лошите момци во магла направена од чад од гуми!“

Покрај улогата на Stig, Бен Колинс во своето портфолио има филмови како што се Quantum of Solace, Skyfall и новиот Spectre со James Bond, како и The Dark Knight Rises и Mission Impossible – Rogue Nation – одлично CV, зарем не? Уживајте вo видеото кое е најава за потрагата на Stig по ултимативниот каскадерски автомобили!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.