Mitsubishi ја претставува иднината на електричниот SUV! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Mitsubishi ја претставува иднината на електричниот SUV!

eX Concept возилото на Mitsubishi кое ја имаше својата премиера на саемот на автомобили во Токио е директна најава за електричната иднина на брендот!

Mitsubishi Motors премиерно го прикажа новиот eX Concept, кој претставува најава за изгледот на новата генерација на компактни SUV возила со електричен погон.

Дизајнерски, новиот eX Concept претставува комбинација на спортски кросовер и елеганција на т.н. „shooting brake“ автомобил, кој ги обединува дизајн линиите на coupe и SUV. Забележлива е новата предна маска именувана како „динамичен штит“, која веќе се користи кај новиот Outlander. Слична приказна продолжува и во ентериерот, чиј дизајн ја претставува новата визија на Mitsubishi Motors за изгледот на идните автомобили.

Што се однесува до погонот, MITSUBISHI eX Concept е придвижуван од батерија со исклучително висок капацитет и ефикасност, што на возилото засега му овозможува автономија на движење од 400 км – вистински напредок во автономијата на „цивилните“ електрични автомобили. Батеријата која е поставена под подот на возилото обезбедува понизок центар на гравитација и заедно со двата електромотори кои овозможуваат погон на сите тркала, како и вградениот систем S-AWC за супер контрола на погонот, продонесуваат за исклучитената стабилност и агилност во управување на возилото.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.