full screen background image
Search

Видео: Porsche 911 Turbo S доработен од O.CT има 669 коњски сили!

911 Turbo S е веќе моќен автомобил и има на располагање 560 коњски сили – но благодарение на тјунерите од O.CT сега можете да имате дури 669 коњски сили и да стигнете „до стотка“ за помалку од 2.8 секунди!

Тјунерите од OCT му посветиле внимание на 911 Turbo S, па сега супер-спортскиот автомобил на Porsche наместо 560 коњски сили и 700 Nm вртежен момент има на располагање цели 669 коњски сили и дури 880 Nm вртежен момент.

Силата се пренесува преку сите четири тркала, а 100 километри на час пристигнуваат за 2.77 секунди. Да се достигнат 200 километри на час потребни се 9.32 секунди а 250 километри на час пристигнуваат за 15.02 секунди. Максималната брзина е 335 километри на час!


 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.