ŠKODA Superb Black Crystal свети со кристалите на ѕвездената прашина! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

ŠKODA Superb Black Crystal свети со кристалите на ѕвездената прашина!

Чешкиот производител подготви концептна изведба на Superb, каде некои детали од автомобилот се обложени со сјајни кристали.

Škoda, во соработка со специјалистите за стакло PRECIOSA, подготви уникатна изведба на Superb. Концептот ја носи ознаката Black Crystal и одредени детали се обложени со ристали. Технологијата ја нарекуваат StarDust, односно Ѕвездена Прашина, а на овој уникатен начин се обложени големите 19-инчни фелни, логоата и значките, Skoda знакчето на управувачот и Laurin & Klement значката на задниот дел. Ова е истата технологија со која беа направени пехарите на Tour de France!

skoda-superb-black-crystal2

Ефектот е интересен и на деталите им дава ново длабочина која го задржува погледот – но сепак не би сакале да ги изгребете ваквите фелни на некој тротоар, нели?

skoda-superb-black-crystal3



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.