Новата E-Класа на Mercedes-Benz ќе ја носи ознаката W213, а благодарение на овие две фотографии можеме да погледнеме барем малку во иднината и да видиме како ќе изгледа новиот германски луксузен седан.
Светската премиера на новата Е-Класа е закажана за North American International Auto Salon во Детроит кој ќе се одржи во Јануари а автомобилот ќе пристигне кај дилерите веќе идната пролет.
Од она што можеме да го видиме на фотографиите, новата E-Класа ќе наликува на своите поголеми и помали браќа – поточно на C-Class и големиот S-Class. Дополнително, се претпоставува дека E-Class ќе биде поставена на истата MRA платформа која ја користи C-Class, а тоа ќе му овозможи на автомобилот да „ослаби“ за околу 100 килограми.
Бидејќи саемот на автомобили во Детроит се наближува, наскоро ќе знаеме повеќе.