full screen background image
Search

Alfa Romeo 4C Zender – Додаток на екстремност

Тјунерите од Zender подготвија екстензивна доработка на малото и екстремно спортско купе на Alfa Romeo!

Да бидеме искрени – на малиот италијанец и не му е потребен некој посебен третман – 4C веќе има на располагање 237 коњски сили а тежи само 895 килограми – но сепак, инженерите на Zender посветиле малку внимание!

Благодарение на измените во софтверот, 4C Zender има на располагање дополнителни 34 коњски сили, а бидејќи е поработено и на каросеријата, тежината е намалена за дополнителни 15 килограми – можеби не звучи како многу, но на автомобилот му се потребни 4.3 секунди да стигне „до стотка“ и постигнува максимална брзина од 265 километри на час.

Сепак, она што е најзабележливо е агресивниот бодикит изработен од карбон, а се забележуваат и дополнителните отвори за воздух. Нам бодикитот ни изгледа одлично и е дефинитивно подобрување на линиите на 4C. Уживајте во фотографиите и видеото!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.