full screen background image
Search

Официјализиран BMW 330e – Нов хибрид со 252 коњски сили и ултра-ниска потрошувачка!

Новиот plug-in хибрид на BMW ветува многу – одлични перформанси благодарение на 252 коњски сили, но и екстремног ниска потрошувачка од само 1.9 до 2.1 литар на 100 километри!

Луѓето од BMW настапуваат самоуверено и кажуваат дека 330е “на гамата на Серијата 3 додава plug-in хибридна варијанта која ги задоволува највисоките стандарди за динамика и ефикасност.“

Под поклопецот на моторот се крие 2-литарски бензинец кој испорачува 184 коњски сили. Со него соработува 88-коњски (65 kW) електромотор за вкупна системска моќност од 252 коњски сили и одлични 420 Nm вртежен момент – од кои 100, односно 250 Nm (во одредени услови и во кратки интервали) се достапни во било кој момент од електромоторот.

Ова му овозможува на 330e да забрза до 100 километри на час за само 6.1 секунда и да постигне максимална брзина од 225 километри на час – тоа воопшто не е лошо, особено кога ќе земеме во предвид дека просечната потрошувачка на бензин изнесува само 1.9 до 2.1 литар гориво на 100 километри! Дополнителен плус е автономијата на електрична енергија – BMW 330e може да помине до 40 километри на електрична енергија, и да постигне брзина до 120 километри на час. Вкупната автономија е 600 километри.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.