full screen background image
Search

Пристигнете со стил – претставен новиот Mercedes-Benz S-Class Cabriolet!

S-Class фамилијата на Mercedes-Benz расте – од денес на S-Class и S-Class Coupe им се придружува и S-Class Cabriolet!

Премиерата на големиот луксузен кабриолет е закажана за саемот на автомобили во Франкфурт, и ова е првиот луксузен Mercedes-Benz со отворен кров и четири седишта од далечната 1971-ва година. Според Германците, ова ќе биде „најкомфорниот кабриолет на светот.“ За прв пат ќе се нуди систем за автоматска заштита од ветер кој се вика Aircap, а ќе се нуди и Airscarf системот за греење на вратот, загревани наслони за рацете, загревани седишта и Thermotronic интелигентен систем за климатизација.

S-Class Cabriolet ќе започне да се продава во Декември и ќе се нуди со два различни мотори – „обичниот“ S500 Cabriolet доаѓа со 4.7-литарски V8 кој испорачува 455 коњски сили, а за оние кои сакаат малку повеќе перформанси, тука е S 63 4Matic Cabriolet на Mercedes-AMG кој од 5.5-литарскиот битурбо V8 добива 585 коњски сили, и може да постигне 100 километри на час за само 3.9 секунди. Максималната брзина е ограничена на 250 километри на час, секако.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.