full screen background image
Search

Претставен ентериерот на новиот Sportage – KIA го открива новиот кросовер!

KIA ги објави првите фотографии од ентериерот на новиот Sportage, но и кратко видео преку кое ги истакнува новитетите кај најновата генерација на популарниот кросовер!

Новиот Sportage е долг 4480 милиметри, широк 1635 милиметри и висок 1855 милиметри, а има меѓуоскино растојание од 2670 милиметри – тоа го прави 40 милиметри подолг од претходникот, и со 30 милиметри подолго меѓуоскино растојание. KIA се гордее и со аеродинамичноста на Sportage – новиот автомобил има коефициент од 0.33 Cd.

Како и екстериерот, и ентериерот е целосно нов и има централна конзола која е насочена кон возачот, а купувачите ќе можат да изберат меѓу 7 или 8-инчен контролен дисплеј. Комбинирани се метални акценти со меки материјали за да се добие комфорно место за поминување време, а поработено е и на звучната изолација со цел да се намали бучавоста во ентериерот.

Новиот Sportage ќе се нуди со постоечките бензински и дизел мотори, но новитет е 1.6-литарскиот T-GDI турбо-бензинец со директно вбризгување кој ќе се нуди исклучиво на GT Line моделите. Моторот нуди 177 коњски сили и 265 Nm вртежен момент од 1500 до 4500 вртежи во минута. Може да се комбинира со новиот 7-брзински автоматски менувач на KIA. Во понудата останува 1.6-литарскиот атмосферски бензинец со 130 коњски сили, а доколку сакате турбодизел можете да одберете меѓу 1.7-литарскиот мотор кој нуди 115 коњски сили, или пак една од двете верзии на 2-литарскиот R турбодизел кој нуди 136 или 184 коњски сили.

Продажбата ќе започне на почетокот на следната година.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.