Каде точно се олеснувањата кај новата Opel Astra? – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Каде точно се олеснувањата кај новата Opel Astra?

Opel вложува многу во новата Astra и ја најавува како вистински конкурент во компетитивната класа – а еден од начините да се биде конкурентен е да се понуди значително полесно возило!

Новата Astra следи „дизајн на мала маса“ – моделот со пет врати ќе биде до 200 килограми полесен во однос на претходникот. Според Opel, новата Astra е целосно дизајнирана од почеток – и на секоја компонента е внимавано со цел да се оствари врвна ефикасност. Новата генерација на Astra ќе ја има својата официјална премиера на Саемот на Автомобили во Франкфурт, но веќе можеме да зборуваме за конструцијата и напредокот кај новиот натпреварувач на Opel.

Според Opel, новата Astra ќе биде со намалена тежина од највеќе 200, а најмалку 120 килограми. Да разгледаме каде се направени заштедите: Според Opel, школката е 20% полесна во однос на претходникот – и тежината е намалена од 357 на 280 килограми. Дополнителни 50 килограми се заштедени при дизајнирање на некои до компонентите на шасијата, со употребување на челик со висока цврстина, компактизирање на некои делови од шасијата и модификации на предната и задната суспензија.

Дополнително, издувниот систем е полесен за 25% – заштеда од 4.5 килограми. Помалите тркала и гуми тежат до 11.5 килограми помалку, а кочниците се до 10 килограми полесни.

Всушност, ова намалување на тежината е проткаено низ целиот автомобили – можете и самите да разгледате точно каде:

astra-konstrukcija

Секако, свој придонес имаат и новите, алуминиумски мотори, а како и екстериерот, и ентериерот помина соодветна „фитнес“ програма – па така на пример, само седиштата се 10 килограми полесни во однос на седиштата кои се нудеа во минатата генерација на Astra. Новата Astra е покомпактна, полесна, но истовремено нуди повеќе простор во ентериерот – автомобилот е долг 4.37 метри – хечбекот со 5 врати е скоро 5 сантиметри пократок во однос на старата генерација, но и 5 сантиметри понизок, но затоа е 0.5 сантиметри поширок. Нуди 35 милиметри повеќе простор на задните седишта, а оддалечувањето меѓу предните седишта и задната клупа е зголемено за 1.5 сантиметри. Сето ова ветува многу простор и практичност, во значително покомпактни димензии – одличен чекор нанапред!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.