full screen background image
Search

Регулаторна: Бензините поевтинуваат по 3 денари, дизелот 2 денари!

Регулаторната Комисија за Енергетика одлучи дека од вечерва ќе добиеме значително поевтинување на горивата!

Согласно методологијата која Регулаторната Комисија за Енергетика ја користи за пресметка на цените, од вечерва на полноќ малопродажните цени на горивата се намалуваат во просек за 5.34%!

Преведено во цени, тоа значи дека од вечерва на полноќ цените на ЕУРОСУПЕР-95 и ЕУРОСУПЕР-98 се намалуваат за 3 денари, и овие горива ќе чинат 64.00 односно 66.00 денари за литар. Цената на ЕУРОДИЗЕЛ се намалува за 2 денари, и еден литар дизел гориво ќе чини 49.00 денари за литар.

Новите цени стапуваат на сила вечерва на полноќ и ќе важат следните две седмици.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.