full screen background image
Search

Хибридните RenaultSport модели пристигнуваат за пет години!

Спортската дивизија на Renault веќе работи на хибридизација на спортските модели на брендот, но тие ќе пристигнат на пазарот најрано за пет години!

Autocar го цитира Patrice Ratti, директорот на RenaultSport – „Хибридизацијата би можела да помогне, благодарение на намалувањето на емисијата на CO2. Друга работа која е одлична кај електромоторите е забрзувањето. Работиме на тоа, но технологијата не смее да стане премногу скапа.“ Patrice Ratti всушност сака да каже дека хибридната компонента која би се вградувала во моделите на RenaultSport не смее да биде премногу скапа, бидејќи премногу би се искчила цената на автомобилите.

Тој ја обвинува моменталната технологија за складирање на енергијата за доцнењето. Според него, со додавање на батериите премногу се зголемува тежината. Според него, дополнителни предизвици се цената и автономијата.

Во секој случај, хибридизација на жешките хечбекови е веќе во полн ек. Peugeot веќе го најави 308 R HYbrid концептот, а Volkswagen веќе има сериски Golf GTE. Конкуренцијата е веќе силна, па инжинерите на Renault ќе треба да понудат нешто навистина интересно – но знаејќи го нивниот талент, нема ни да очекуваме ништо помалку.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.