full screen background image
Search

Lexus официјално го претстави лебдечкиот скејт-борд!

Јапонскиот производител на луксузни автомобили креативно искористи модерна технологија за да го оствари сонот на многумина – и претстави лебдечки скејтборд како од Back to the Future!

Сигурно лесно ќе се сетите на Back to the Future и сцените со лебдечкиот скејтборд, и сигурно уште тогаш сте сакале да пробате нешто такво – епа сега можете! Јапонскиот производител Lexus претстави лебдечки сктејборд кој навистина наликува на оној од филмовите.

Сепак, ќе мораме да ве разочараме – не можете да го имате. Не заради тоа што е скап, туку заради тоа што користи технологија која не е исплатлива, ниту пак особено практична. Лебдечкиот скејтборд ја користи истата технологија како и MagLev возовите – магнетна левитација, а тоа значи дека подлогата по која ќе „скејтате“ треба да обложена со магнети.

lexus-hoverboard2

Сепак, самиот скејтборд е долг 920 милиемтри, 220 милиметри широк и 90 милиметри висок, а може да носи товар до 90 килограми – сосема доволно за да може вистински да се забавувате. Левитира над подлогата благодарение на супер-проводници кои се поставени во внатрешноста, и се оладени на -197 степени бидејќи се потопени во течен азот. Lexus направи специјален скејт-парк во Барселона кој го обложи со магнети и го искористи за  промоција на овој несекојдневен начин на транспорт.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.