full screen background image
Search

Peugeot 308R HYbrid – Хибриден хечбек со 500 коњски сили!

Неочекувано изненадување од Peugeot – францускиот бренд претстави концепт за хибриден хечбек со погон на сите четири тркала и 500 коњски сили!

Peugeot подготви вистинско изненадување за своите фанови – на Саемот за Автомобили во Шангај, францускиот бренд ќе претстави концепт за хибриден хечбек со 500 коњски сили и погон на сите четири тркала!

Под уникатно-изработената каросерија на овој концепт се крие 1.6-литарски THP турбо-бензинец кој испорачува 270коњски сили, како и два електромотори со по 115 коњски сили поставени на предната и задната оска. Вкупната системска моќност е 500 коњски сили, благодарение на кои концептот забрзува до 100 километри на час за рамно 4 секунди и има електронски-ограничена максимална брзина од 250 километри на час. Дополнително, екстремниот хечбек може да помине цел километар од стоечки старт за 22 секунди.

Ентериерот е направен ексклузивно за овој концепт и има четири индивидуални спортски седишта и многу спортски детали насекаде низ кабината.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.