full screen background image
Search

Bentley Mulsanne Blue Train – Екстремно лимитирана верзија наменета за екстремно богатите!

Bentley претстави лимитирана серија на Mulsanne Speed – која се вика Blue Train – и ќе бидат произведени само 4 примероци од овој хипер-луксузен седан!

Mulsanne Speed Blue Train е изработен од Mulliner дивизијата на Bentley, која е задолжена за хипер-ексклузивните изведби. Blue Train серијата носи „интересни историски референци и модерни интерпретации на дизајнерски детали од оригиналниот Speed Six.“ Меѓу овие детали ќе најдете резба во дрво од оригиналниот Speed Six во ентериерот, и маска на ладилникот со правоаголни детали.

bentley-blue-train-venner

Blue Train е инспириран од Woolf Barnato и неговата победа пред Синиот Воз – името кое го носел Calais-Mediterranée експресниот воз – во далечната 1930-та година, кога господинот Barnato стигнал во неговиот клуб во Лондон пред возот воопшто да стигне до Англискиот Канал. Дополнително, Woolf Barnato е трикратен победник на Le Mans.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.