full screen background image
Search

Škoda го претстави поробустниот Rapid Spaceback ScoutLine

Scout моделите на Skoda се навистина популарни и практични, па со желба да ја прошири оваа гама, чешкиот производител го претстави Rapid Spaceback ScoutLine!

Rapid Spaceback ScoutLine ќе го препознаете по пластичните заштитни панели околу автомобилот, 16 или 17-инчните алуминиумски трала и уште неколку ситни промени. За жал, Spaceback ScoutLine нема да добие погон на сите четири тркала, но ќе можете да го нарачате со било кој мотор кој веќе е достапен во Rapid – а тоа значи 90, 110 или 125-коњски бензинци, како и 90 или 116-коњски турбодизели.

skoda-rapid-spaceback-scoutline-rear

Сите мотори ги исполнуваат Еуро6 стандардните, а благодарение на робустниот изглед и новите бои, Rapid Spaceback ScoutLine би требало да биде значително дополнување на Rapid гамата!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.